Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Виножито“ за прв пат ќе учествува на европските избори, откако доби дозвола за тоа

„Виножито“ за прв пат ќе учествува на европските избори, откако доби дозвола за тоа

Павлос Воскопулос Филипов, еден од најистакнатите членови на „Виножито“ за Гласот на Америка потврди дека оваа партија која го застапува македонското малцинство во Грција за прв пат ќе учествува на претстојните европски избори откако добила дозвола за тоа.

„Учеството во европските избори, создава можност за нас, во ‘Виножито’, благодарејќи и на ЕУ, секои пет години, конкретно, преку изборите, да ги поставуваме на политичко ниво проблемите на македонското малцинство во северна Грција. Дополнително, да укажуваме дека една земја-членка во ЕУ има дефицит во демократијата, кога станува збор за почитување на малцинските права“, вели Воскопулос Филипов.

Инаку „Виножито“ е членка на Европската слободна алијанса - ЕФА, која ги опфаќа партиите на малцинствата во Европа. 

Партијата со одлука на Врховниoт суд на Грција ги исполни условите за учество на европските избори, и на 26-ти мај за првпат и ќе учествува на нив.

„Виножито“, како 31 партија на списокот од Грција, ќе учествува на европските избори под слоганот „Не плашете се, кажете им на децата дека се Македонци“

Воскопулос за Гласот на Америка вели дека со Преспанскиот договор не се оспорува македонскиот национален идентитет и се создава можност поагресивно и позитивно да се поставува прашањето за малцинството кај грчките органи. 

Слично

Поврзани вести