Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Виножито“ бара македонски јазик во државните грчки училишта

„Виножито“ бара македонски јазик во државните грчки училишта

Партијата на Македонците во Грција, „Виножито“ бара воведување на македонскиот јазик во државните училишта во земјата. 

Главните барања на партијата на Македонците во Грција за признавање на македонското малцинство и на македонскиот јазик, за воведување на нивниот мајчин јазик во образовниот грчки систем и натаму остануваат главните цели. Виножито до грчките власти ќе испрати и петиција за признавање на македонскиот јазик и воведување во државните училишта.

На третиот конгрес на „Виножито“, што вчера се одржа во Горно Врбени, Леринско, е одлучено партијата да учествува на наредните избори за европскиот Парламент во Грција, доколку за тоа успеат да соберат доволно пари.

На конгресот во Централниот комитет беа избрани и седум нови членови, што во партијата се толкува како голем успех затоа што сѐ повеќе млади Македонци почнуваат да се интересираат за активностите на партијата.

Tие имаaт став дека се против промената на Уставното име и се скептични околу ратификацијата на Преспанскиот договор . 

Слично

Поврзани вести