Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вилма Рускоска потврди дека Јасна Мандиќ ќе биде изведена пред судија

Вилма Рускоска потврди дека Јасна Мандиќ ќе биде изведена пред судија

Вилма Рускоска од обвинителството за организиран криминал и корупција за „Сител“ потврди дека вечерва едно лице од новоосомничените во случајот „Рекет“ ќе биде изведено пред судија на претходна постапка, кој ќе треба да одреди дали ќе биде прифатено барањето за притвор.

Неофицијално, станува збор за Јасна Мандиќ - Ерцеговиќ, инаку потпретседателка на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски.

Осомничени се и три други лица, односно таткото на Јовановски, пратеничката Фросина Ременски и секретарката од Меѓународниот сојуз, но за нив не се бара притвор. До сега судот не испратил се уште покани и најверојатно тие ќе бидат повикани од утре да се јават кај судија на претходна постапка. 


Слично

Поврзани вести