Економија, финансии, бизнис

Контакт

Виктор Стојчевски: Од вторник си давам оставка во ЕЛЕМ

Виктор Стојчевски: Од вторник си давам оставка во ЕЛЕМ

Виктор Стојчевски, синот на пратеничката Мира Стојчевска, на својот профил на Фејсбук објави дека од вторник ќе поднесе оставка на своето работно место во АД ЕЛЕМ од, како што вели тој, морални причини.

„Сакам да ја известам јавноста дека јас како дипломиран геодетски инженер на Градежен Факултет - Скопје при УКИМ, свесен за моите знаења и способности имам капацитет да работам во било која компанија од приватниот и државниот сектор каде што се бара геодет. При крај сум со моите магистерски студии на Градежениот Факултет и имам желба и намера да се посветам на мојата професионална кариера.

Јас не сум јавна личност и не сакам повеќе моето име да се провлекува во јавноста.

Во таа насока, сакам да ве известам дека по одлуките на вчерашната седница на ДКСК, од морални причини решив на 30.04.2019 (вторник) да го доставам моето барање за отказ од АД ЕЛЕМ и да се повлечам од работното место“, гласи статусот на Стојчевски на Фејсбук.

Комисијата за спречување на корупција оваа недела отвори предмети за вработувања на блиски на функционери преку непотизам, а во нив се најде и името на Стојчевски. За него беше констатирано дека директорот на АД ЕЛЕМ нема ексклузивно право да вработува по негов личен избор. 

Инаку вчера пратеникот Александар Кирацовски соопшти дека од работните места се повлекуваат неговата сестра и мајката на неговата сопруга.


Слично

Поврзани вести