Економија, финансии, бизнис

Контакт

Виктор Стојанов се пофали дека стигнале во Пустец, утре ќе отворат бугарски клуб

Виктор Стојанов се пофали дека стигнале во Пустец, утре ќе отворат бугарски клуб

Во Пустец во Албанија утре ќе се отвори бугарски клуб на денот на големите просветители „Св. Кирил и Методиј“. 

Информацијата на социјалните мрежи ја објави претседателот на таканаречената бугарска фондација „Фондација Македонија“ Виктор Стојанов.

„Пристигнавме во нашето село во Албанија. Пустец. Во среда на најголемиот бугарски празник тука ќе има бугарски собир“, пишува Стојанов во својата објава на Фејсбук.

Во Пустец живеат Македонци. Тие извесно време се жалат дека лица од Бугарија им нудат бугарски пасоши и други привилегии, со цел асимилација. Според македонскките здруженија во Албанија, во земјата има околу 120.000 Македонци. Бугарија со години зборува дека во Преспа и Голо Брдо има Бугари, тези кои тамошното македонско малцинство ги негира. 

фото Википедија

Слично

Поврзани вести