Викендов ведро и сончево, од понеделник студено
Времето денеска ќе биде стабилно, ведро и сончево.
Долж Повардарието ќе има умерен северен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.
Македонија ќе биде под влијание на сува и потопла воздушна маса што ќе предизвика повисоки дневни температури.
Во Скопје денеска дневната температура ќе биде 10 Целзиусови степени, Тетово 10, Гостивар 11, Маврово 10, Велес 10, Куманово 11, Охрид 11, Битола 10, Прилеп 11, Крушево 10, Претор 12, Кавадарци 11, Гевгелија 16, Струмица 12, Радовиш 12, Крива Паланка 11, Виница 11, Берово 10, Свети Николе и Штип 11.
Дневната температура утре ќе се движи од 10 до 17 степени, в понеделник од 6 до 12 и вторник од 3 до 9 степени.
Под влијание на студена воздушна маса од понеделник дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање. Во вторник ќе има и засилен ветер од северен правец.
