Економија, финансии, бизнис

Контакт

Викендов натпросечно топло: Временска прогноза

Викендов натпросечно топло: Временска прогноза

Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во северните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, соопштија од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени.

Во Скопје се очекува сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 33 степени.

До недела ќе се задржи натпросечно топло време, а попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, во сабота со можна појава на град. Од понеделник времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Температурата ќе биде во опаѓање.


Слично

Поврзани вести