Викендов сонце од среда неочекувани промени
Денеска времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди кои ќе преовладуваат повеќе попладне.Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од два до девет степени. До вечерта ќе се разведри, а во петок времето се очекува да биде сончево.
Во Скопје, слично време, претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до осум степени.
Од петок и особено за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време.
Сепак според очекувањата од следната среда температурата драстично ќе се спушти, а се очекуваат и врнежи од снег на повисоките места.
Слично
