Економија, финансии, бизнис

Контакт

Викендов со нови влошувања на временските прилики

Викендов со нови влошувања на временските прилики

Според информациите на УХМР во текот на викендот ќе имаме ново влошување на временските услови со можности за дестабилизација, со очекување за навлегување на влажна постудена воздушна маса со посилен северен ветер во Македонија што ќе ги спушти дневните температури.

Во претпладневните часови во северните делови, а потоа најмногу вдолж Повардарието, северниот ветер повремено ќе се засилува и ќе биде проследен со појава на повремен пороен краткотраен дожд и грмежи.

Денес времето ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд и со ретки грмежи, кои ќе бидат пообилни во западните делови и на крајниот исток.

Во недела ќе продолжи да дува повремено засилен северен ветер и ќе има појава на повремен послаб дожд, кој ќе биде почест на север и на исток.

Температурата ќе достигне до 29, а во недела до 26 степени.


Слично

Поврзани вести