Викендов шатори пред Собрание-борбата за еднаквост на децата со посебни потреби продолжува
Граѓанската иницијтива 5ДО12 ќе одржи прес конференција во петок 19 Мај, во 11:55 часот пред Собранието на Република Македонија.
На прес конференцијата ќе бидат објавени информациите и агендата за кампот кој се поставува пред Собранието на Р. Македонија во Жена Парк во период од 20 – 22 Мај 2017
Воедно ќе бидат најавени следните чекори, активности и стратегијата на Иницијативата.
„Во име на родителите, децата и лицата со различни попречености, хендикеп и посебни потреби ги повикуваме локалните и националните медиуми, да го поддржат и засилат нашиот глас на целата територија на Македонија.
Како потврда на нашите ставови искажани минатиот месец, кога кампувавме 3 дена, овој месец повторно ќе бидеме со шатори пред Собранието, овој пат во многу поголем број и со агенда за активности и работилници за деца со посебни потреби.
Воедно, ги повикуваме сите поддржувачи и целата македонска јавност на дружење и на игра, заедно со нас и нашите деца, заедно да се избориме за иднината на сите деца и лица со посебни потреби.
Тука сме, и ќе останеме, за да докажеме дека место за секој има еднакво под сонцето“, соопштуваат од иницијативата.
