Викендов привремен сообраќаен режим на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“
Викендов поради изведување на градежни активности Градот Скопје ги информира граѓаните дека дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ ќе има привремен сообраќаен режим.
Градежните активности – попречни прекопи за поставување на подземна инсталација, ќе се извршуваат во период од 07.00 – 17.00 часот, на потегот од крстосницата со бул. „8-ми Септември“ до крстосницата со ул. „Московска“.
Сообраќајот ќе се одвива согласно времено поставениот режим.
Од Град Скопје повикуваат на придржување кон времено поставениот режим на сообраќај.
Слично
