Викендов привремен сообраќаен режим на Булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“
Градот Скопје ги информира граѓаните дека во деновите од претстојниот викенд сабота и недела на дел од булеварот "Митрополит Теодосиј Гологанов", на потегот од крстосницата со бул. „8-ми Септември“ до крстосницата со ул. „Московска“, во периодот од 07.00 – 17.00 часот ќе се изведуваат градежни активности – попречни прекопи за поставување на подземна инсталација.
Поради тоа, на дел од булеварот "Митрополит Теодосиј Гологанов", ќе се воведе привремен сообраќаен режим.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.
Слично
