Економија, финансии, бизнис

Контакт

Викендов ќе дознаеме кои министри остануваат без фотелја

Викендов ќе дознаеме кои министри остануваат без фотелја

Најдоцна до петок владеачката партија ќе излезе со предлог за бладината реконструкција.

Ова го очекува и министерката за одбрана Радмила Шекеринска која според кажаното во синоќешното гостување во емисијата Топ тема рече дека најавената реконструкција ќе се случи.

-Очекувам дека до петок, предлогот за реконструкција ќе биде доставен во Собранието-кажа Шекеринска која потенцираше дека следуваат и системски промени на делување во интерес на граѓаните.  

Иако се очекуваше поголема реконструкција само осуммина министри ќе ги предадат фотелјите. 

Извесно е дека министерот за земјоделие Љупчо Николовски заминува од функцијата и продолжува во партијата.

Слично

Поврзани вести