Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИКЕНДОТ ЌЕ БИДЕ СМРЗНУВАЧКИ: Температурите уште ќе се спуштаат

ВИКЕНДОТ ЌЕ БИДЕ СМРЗНУВАЧКИ: Температурите уште ќе се спуштаат

Според прогнозата на УХМР, за утре се најавува променливо облачно и студено време. Утринските температури ќе бидат во интервалот од -10 до -2 степени, а максималната дневна од -1 до 6 степени. Во Скопје слично време, со студено утро и температура од -4  и дневната до 5 степени.

Во земјава до недела ќе се задржи променливо облачно и студено време со умерен северен ветер. Температурите и понатаму ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.

Утринските температури ќе бидат особено ниски, па на некои места ќе се спуштаат под -10 степени, а најниски ќе бидат за време на викендот. Постепен пораст на температурите ќе започне од понеделник. Во сабота температурите ќе бидат: утринската од -12 до -3, а дневната од -2 до 6 степени, во недела од -13 до -3, односно од 0 до 8 степени. Во понеделник од -9 до -1, односно од 3 до 10 степени и во вторник и среда студени утра со дневни температури од 5 до 12, односно од 6 до 13 степени


Слично

Поврзани вести