Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИКЕНДАШИТЕ ЗАГЛАВИЈА НА ГРАНИЦА - Огрoмни редици пред границата за излез од Грција

ВИКЕНДАШИТЕ ЗАГЛАВИЈА НА ГРАНИЦА - Огрoмни редици пред границата за излез од Грција

Огромни колони возила стојат пред граничниот премин Евзони кон Македонија. 

Наши сограѓани јавуваат дека колоната е над пет километри и дека има застој на возила дури и до патарината пред граница. 

- Има многу гужва, што е уште потрагично колоните се движат многу бавно. Очекувавме гужва и поради празникот, но ова е премногу, никогаш не сме чекале волку долго - вели млад скопјанец кој се враќа од одмор. 

Поради празникот голем број Македонци навалија викендов кон Грција, и при влез беа забележани гужви, но ова што сега го јавуваат нашите сограѓани е многу поголемо. 

Како што се гледа од фотографијата испратена до нашата редакција колоната е долга, не се ни наѕира границата. 

Дополнително од прегледот на видео камерите на патарините низ земјава се забележува дека голема гужва има и на патарината Велес. 

Насловната фотографија е од состојбата на патарината Велес. Зголемен проток на возила има и на границата со Србија. 

Утрово имаше тешка сообраќајка на автопатот во Грција по границата кон Солун, каде животот го загубија 4 лица. Сепак, граѓаните велат дека застојот не се должи на сообраќајката, бидејќи нема никакви остатоци, ниту нешто што го попречува сообраќајот. 

Фото: Фактор

Слично

Поврзани вести