Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Повторно снег, минусни температури или мало затоплување?

ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Повторно снег, минусни температури или мало затоплување?

Пред нас е викенд кој ќе биде идеален за деновите да ги поминете на некоја планина.

За разлика од минатите денови кои ќе имавме неделава, саботата и неделата се најавува мало затоплување.

Не се работи за неверојатен раст на темературите, туку тие ќе бидат сосема малку потопли со температури кои во сабота ќе достигнат од околу 0°С до 3°С, односно околу 5°С во југоисточниот крај.

Во недела се најавуваат температури пониски за 1°С во однос на сабота.

Утре ќе биде идеален ден да го поминете со семејството уживајќи во некоја од македоснките планини бидејќи времето ќе биде претежно сончево .

Неделата пак, се очекува малку пооблачно време.

Температурите секаде ќе бидат околу минусот . Во утринските часови ќе се дивжи на  места и до -10°С и -5°С, додека повисоките предели се очекува минусот да се спушти и помеѓу -13°С и -16°С.

Искористете го убавиот викенд и „фрлете му се во прегратка“ на снегот.

Слично

Поврзани вести