Викенд временска прогноза: Еве што не очекува во деновите пред нас
За време на викендот синоптичарите предвидуваат сонце.
За денешниот ден според УХМР не очекува претежно сончево време со умерен ветер од северен правец.
УВ индексот ќе изнесува 9.
Дневните температури ќе се движат од 20 до 33 степени целзиусови. Најтопло се очекува да биде во југоисточниот дел од земјата.
Во главниот град за денес се очекува сонце и максимални 30 степени.
За вториот ден од викендот според метеоролозите не очекува сонце со слаб до умерен ветер од северен правец.
УВ индексот за недела ќе изнесува 9.
Дневните температури на воздухот ќе се движат од 25 до 33 степени.
Од понеделник под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време кога дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени.
