Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Дожд пред Ѓурговден

ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Дожд пред Ѓурговден

Доколку планирате викендов да прошетате некаде задолжително со себе понесете чадор, од управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дожд.  За првиот ден од викендот метеоролозите најавуваат променливо облачно време, попладне најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови од земјата ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а во источните делови од земјава засилен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури на воздухот ќе се движат од 3 до 10 степени, а дневните температури ќе се движат во интервал од 13 до 25 степен целзиусов.

Во недела според синоптичарите не очекува слично време, односно, променливо облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Минималните температури на воздухот ќе се движат од 7 до 13 степени, додека дневните максимални степени ќе достигнат 22 степени.

Врнежи од дожд метеоролозите најавуваат и за Ѓурговден.


Слично

Поврзани вести