ВИКЕНД СО ДОЖД И ГРМОТЕВИЦИ: Денеска, топло и суво време
Денеска времето ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од 7 до 17 степени целзиусови, додека дневните од 29 до 37 степени. Најтопло ќе биде во Скопје.
УХМР предупредува дека во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен јужен, а во недела северозападен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневната температура.
Потоа следува период на стабилно и потопло време.
Слично
