ВИКЕНД ПРЕД НОВА ГОДИНА: Техничката влада ги седнува на иста маса Заев, Мицкоски и Ахмети
Ќе се најде ли компромис за техничката влада меѓу партиските лидери , јавноста ќе дознае викендов.
Оваа сабота на иста маса темата избори и нова влада ги седнува Заев, Мицковски и Ахмети.
Според пишувањата на дел од медиумите, водачите на владеачката партија, најголемата опозициска партија и најголемата партија од албанскиот блок ќе се состанат во владата во 17 часот.
По заедничката средба , Мицкоски и Ахмети пак очи в очи на средба за која засега нема повеќе детали каде би можела да се одржи.
Имено, премиерот преку медиумите на еден начин ја услови техничката влада. Тој побара пратениците да не ги блокираат законите кои треба да го поминат собранискиот филтер предновогодишно, во спротивно , како што нагласи нема да се повлече од функцијата.
