Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИКЕНД ПОВРАТНИЦИТЕ ЗАГЛАВИЈА НА ГРАНИЦА И ДО 4 ЧАСОТ УТРОВО - еве како беше по продолжениот викенд во Грција

ВИКЕНД ПОВРАТНИЦИТЕ ЗАГЛАВИЈА НА ГРАНИЦА И ДО 4 ЧАСОТ УТРОВО - еве како беше по продолжениот викенд во Грција

Продолжениот викенд беше причина за голем број граѓани да ги искористат деновите за уживање на плажите кај нашиот јужен сосед. Но, ова беше причина за огромни колони и сообраќаен метеж на повеќето гранични премини за влез во Макеоднија.

Најголемите гужви биле забележани на граничните премини со Грција, каде што времето на чекање за влез во Македонија надминуваше неколку часа. На „Евзони“ возачите чекале од еден и пол до два часа, на „Дојран“ околу два часа, а исто толку и на „Меџитлија“.

Слична состојба има и на граничниот премин „Ќафасан“ кон Албанија, каде што колони од возила се протегаат со километри. Дополнителни проблеми им создава на патниците и метежот на патниот правец Охрид – Скопје, особено на потегот од Стража до Гостивар, каде што се чека речиси два часа.

Дека состојбата била навистина лоша зборува и видео објавено доцна синоќа на социјалните мрежи на кое се гледаат долги колини на граничниот премин во близина на Битола. 


Фото: Фактор

Слично

Поврзани вести