Економија, финансии, бизнис

Контакт

Викенд партиски митинзи: Кој каде ќе митингува?

Викенд партиски митинзи: Кој каде ќе митингува?

Партиските митинзи продолжуваат и викендов.

На шесттиот ден од изборната кампања владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе митингуваат на запад , во Македонски Брод во 17.30 часот, а централниот митинг е закажан во Кичево во 20 часот.

Опозициската СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ денеска ќе одржуваат митизни во главниот град. Во 17 и 30 митинг има закажано во Ѓорче Петров додека централниот во 19 ч ќе биде во Карпош.

Во недела, пак СДСМ ќе има митинзи во централна Македонија, поточно Свети Николе и Велес каде ќе го заокружат седмиот митинг во 19 ч.

ВМРО-ДПМНЕ утре одржува митинг во Скопје.

Слично

Поврзани вести