Економија, финансии, бизнис

Контакт

Викенд метео прогноза за мерак

Викенд метео прогноза за мерак

Гграѓаните кои се слободни од работни обврски и планираат прошетки за време на викендот кој официјално започна не треба премногу да се грижат за временските услови бидејќи не очекува поволна викенд метео прогноза со стабилно, претежно сончево и релативно топло време. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер.

Температурите утре ќе се движат од - 3 во утринските часови до максимални 20 степени преку ден во јужните делови на земјата.

Во недела минималната температура ќе се движи од 0 до 6, додека дневните од 16 до 22 степени.

Во понеделник се уште ќе е топло, но ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет најпрвин во западните делови. Ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер и преку денот ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд. Утринските температури ќе се движат од 4 до 10 степени, додека дневните од 15 до 22 степени

Од вторник ќе биде посвежо, а утринските температури ќе бидат со постепено опаѓање


Слично

Поврзани вести