ВИКЕНД И ЛЕТНИ ГУЖВИ: На Табановце се чека 30 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце од македонска страна за влез во државата време на чекање околу 30 минути, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 01.07.2021 започнати се викенд забраните за сообраќај на тешките товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје - Охрид - Скопје. Повеќе информации околу забраните може да најдете на сајтот подолу, во делот за состојба на патишта.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
