ВИКЕНД БРИФ: Земјата не престанува да се тресе – Ова ќе важи и за Македонците со бугарски пасош
* (ОБНОВЕНО) НОВ ЗЕМЈОТРЕС: Тлото не престанува да се тресе
Точно во 09:00 часот се случи посилен земјотрес повторно во соседна Албанија.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на Корча.
Земјотрес со јачина од 4.8 степени по рихтер ги вознемири жителите во Корча, потресот го почувствуваа и жителите на југозападна Македонија.
* Ова ќе важи и за Македонците со бугарски пасош: Од денес слободно ќе работат во Швајцарија
Граѓаните на Романија и Бугарија од денес имаат целосна слобода за влез, вработување и отворање на бизнис во Швајцарија.
Ова ќе важи и за Македонците кои имаат бугарски пасоши.
Како што објави бугарското министерство за надворешни работи, Бугарите и Романците во иднина ќе имаат исти права како и останатите граѓани на Европската унија - освен граѓаните на Хрватска, пренесува бугарската новинска агенција.
* ЛЕНТАТА ОСТАНА НЕПРЕСЕЧЕНА: Новиот автопат останува затворен за сообраќај
Иако најавуваа и Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и директорот на ЈПДП Зоран Китанов дека до крајот на месец мај треба да се пушти официјално во употреба автопатот Миладиновци - Штип, сепак тоа не се случи.
Дел од возачите иако не е официјално отворен за возење возат по новиот автопат.
* Фросина Ременски: Човекот кој ме нападна в Собрание е осуден на казна затвор
Пратеничката Фросина Ременски синоќа на својот профил на Фејсбук објави дека извесниот Бранко Василевски, кој ја нападнал во Собранието на фамозниот 27 април, е осуден на казна затвор од две години. Таа тврди дека обвинетиот ја признал вината за случајот за кој инаку немаше видео-материјали како докази.
„Во, кривична постапка пред надлежно
ЈО, за кривично дело "Насилство" на казна затвор од 2 години е осудено
лицето Бранко Василевски кое признало вина за сторено насилство врз
пратеничката Фросина Ташевска Ременски и други лица.
Првостепена
пресуда K.br.602/18 од 30.05.2018 Основен Суд Скопје 1.Второстепена
пресуда KZ br.617/18 од 23.04.2019.“, напиша доскорешната
потпретседателка на СДСМ на својот профил на Фејсбук.
* Уште два дена имаат граѓаните за проверка на електронските даночни пријави
Од Управата за јавни приходи соопштија дека се продолжува рокот за потврда
или корекција на Годишната даночна пријава. Граѓаните ќе може да извршат
проверка на електронската даночна пријава и во текот на викендот односно уште
денес 1. и утре на 2. Јуни.
