Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИКЕНД БРИФ: Трамп стапна на севернокорејско тло - Избори во Албанија - АМСМ со важна информација

ВИКЕНД БРИФ: Трамп стапна на севернокорејско тло - Избори во Албанија - АМСМ со важна информација

* ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Американски претседател стапна во Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп стана првиот шеф на државата кој што ја премина границата меѓу Јужна и Северна Кореја.
Тој се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во демилитаризираната зона. Трамп изјави дека бил поканет од Ким да ја помине границата и да стапне во Северна Кореја.
Американскиот претседател беше во Јужна Кореја на состанокот со претседателот на земјата, Мун Џин. Тој за Твитер изјави дека му понудил на Ким да се сретне со него во демилитаризираната област за време на (веќе планираната) посета на областа. Неколку часа подоцна беше потврдено дека Ким ќе одговори.

* ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО АЛБАНИЈА: Во половина општини кандидатите немаат противници

Утрово во 07:00 часот започнаа локалните избори во соседна Албанија. Ќе се избираат нови градоначалници во 61 општина. Според ОБСЕ/ОДИХР во дури 31 општини кандидатите на владеачката Социјалистичка партија немаат противници.   Опозицијата, предводена од Демократската партија ги бојкотира изборите.

Претседателот на Албанија, Илир Мета вчера ги повика граѓаните утре на граѓански и демократски начин да ги донесат одлуките сами, албанските граѓани да се однесуваат мирно и мудро, како и да се самовоздржуваат.   Мета, смета дека од суштинско значење за земјата е денес да се сочува социјалниот мир и да се избегнуваат провоклации и насилство.

* ВО ОХРИД НЕДОСТИГА СТРУЧЕН КАДАР: Какви работници се најбарани

Шанкери, келнери, готвачи и собарки се едни од најбараните кадри во хотелите и другите угостителски објекти во бисерот македонски Охрид. Скоро секоја година работодавачите се соочуваат со истиот пробем, не можат да најдат соодветен кадар за да ги пополнат работните места.

Според Агенцијата за вработување на Македонија околу 200 лица кои се невработени имаат завршено средно угостителско училиште, но голем дел од нив не сакаат да работат во угостителството.

Познавачите велат дека голем дел од овие невработени лица најчесто заминуваат на работа во странство, а има  и дел од нив кои веќе живеат и работат во некоја од европските земји. Исто така, според нив за да има кадри по стучно подготвени во образованието е потребно да се воведе повеќе пракса.

* ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Еве каква е состојбата на патиштата

Авто мото сојузот на Македонија известува дека патот што води преку планината Галичица од Царина до Трпеица од 06.00 часот ќе биде затворен за сообраќај поради одржување на трки со мотори.
 На патниот правец  Кочани - Македонска Каменица кај с. Истибања, сообраќајот се одвива по 1 коловозна лента, поради одрони на патот.
Додека, сообраќајот по останатите државните патишта во земјава се одвива по суви коловози.
  Задржување од 30-45 минути е забележано на граничниот премин Богородица и на Граничниот премин Дојран.


Слично

Поврзани вести