Економија, финансии, бизнис

Контакт

Викенд без дожд: Искористете го за прошетка на отворено

Викенд без дожд: Искористете го за прошетка на отворено

Викендов слободно можете да го искористите за прошетка во природа. Не се очекуваат врнежи, информираат синоптичарите.

За денес, сабота според метеоролозите не очекува сончево и умерено облачно време со слаб до умерен североисточен ветер.  Утринските температури ќе се движат од 0 до 7 степени целзиусови, додека во текот на денот ќе можеме да уживаме во повисоки температури, кои ќе се движат во интервал од 10 до 21 степен.

За утре, недела според  Управата за хидрометеоролошки работи не очекува слично време, умерено облачно со слаб до умерен ветер, меѓутоа со променлив правец. Во недела наутро не очекуваат температури од -1 до 6 степен, додека максималните дневни температури на воздухот ќе достигнат максимални 23 степени целзиусови. 


Слично

Поврзани вести