Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вигенин вели дека без разлика на францускиот предлог, ветото останува

Вигенин вели дека без разлика на францускиот предлог, ветото останува

Бугарската социјалистичка партија (БСП) вели дека ветото останува, без разлика на содржината на францускиот предлог.  Што и да содржи предлогот, Бугарија нема да го повлече ветото, пишува 24 часа. 

Во емисија за Бугарското национално радио заменик претседателот на Народното собрание на Бугарија и потпретседател на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Кристијан Вигенин го потврди ставот. Кажа дека во наредните денови „ќе пукне следниот балон“ – темата Северна Македонија, која на најбрутален начин ја искористила „Има таков народ“ за да ги оправда своите „виорни движења“ во последните недели.

„Имаме доволно време да видиме дали е тоа добро за Бугарија, кои се следните чекори и да се изгради стратегија. Нема итност по ова прашање“, изјави Вигенин.

Во досегашната влада учествуваа ИТН, БСП, Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија.

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во изјави за медиумите по Преспа форумот рекоа дека и македонската страна треба да го прифати францускиот предлог за одблокирање на евроинтеграциите на Македонија од страна на Бугарија и да достави свои забелешки во Брисел. Но, засега тие не го добиле предлогот. 


фото 24 часа

Слично

Поврзани вести