Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вигенин: Да не се создаде лажна претстава за пукнатини во позицијата на Бугарија

Вигенин: Да не се создаде лажна претстава за пукнатини во позицијата на Бугарија

Се надевам дека нема да има импровизирани изјави за Македонија, порача потпретседателот на 47. Народно собрание на Бугарија и поранешен министер за надворешни работи Кристијан Вигенин.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, тој е со став дека оваа тема останува еден од најголемите предизвици за Бугарија. 

Смета дека треба да се внимава на секој збор за да не се создаде впечаток дека има пукнатини во позицијата на Бугарија. Тој на Фејсбук напиша дека коалицискиот договор за владеење меѓу „Промената продолжува“, БСП, „Има таков народ“ и Демократска Бугарија има јасен став за европската перспектива на  Македонија.

Според Вигенин, одржувањето на широк политички договор и соработка меѓу институциите во земјата е клучот за успешна одбрана на бугарскиот интерес.

На средбата помеѓу бугарскиот премиер Кирил Петков и македонскиот Димитар Ковачевски  ќе се утврди динамиката на разговорите. 

Слично

Поврзани вести