ВИЕНА Е ПОД ВОДА, ПОПЛАВИ НИЗ АВСТРИЈА: Висинскиот циклон почна да ја покажува силата
Обилни дождови ги погодија алпските региони на Австрија,
оставајќи под вода делови од Виена, а невремето предизвика штети во делови од
земјата и го прекина патниот и железничкиот сообраќај, соопштија властите и
локалните медиуми.
Поројот носеше автомобили во скијачкиот центар Сент Антон во западна Австрија, а рекордни дождови погодија делови од Виена на истокот од земјата, објави ОРФ.
#Vienna pic.twitter.com/tUmq0sqfX7
— SerbInnen gegen Rechts (@serbinnen) August 17, 2024
Од силината на поројот во северниот дел на Виена, една жена завршила под автобусот и во критична состојба е префрлена во болница.
Противпожарните служби примија околу 450 повици во Виена, откако невремето предизвика сообраќаен колапс и го прекина железничкиот сообраќај.
Невремето и дождовите предизвикаа големи штети во многу делови на Австрија“, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер на платформата „Икс“.
Во виенската област Доблинг наврнале 110 литри дожд на метар квадратен, што е рекорд за август.
Vienna 17.08.2024#storm #wind #rain #flood pic.twitter.com/leKb0593lN
— WORLD.STORM (@worldstormm) August 17, 2024
