Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВИЕ ВО ЌОРКА, ГОЛЕМЦИВЕ НА СЛОБОДА“: Адвокатот Митревски жестоко за 27 април, вели имал другари од случајот на кои им велел да не одат

„ВИЕ ВО ЌОРКА, ГОЛЕМЦИВЕ НА СЛОБОДА“: Адвокатот Митревски жестоко за 27 април, вели имал другари од случајот на кои им велел да не одат

Вчера пристигна амнестијата за случајот 27 април.

Судот ја прифати амнестијата за Миле Јанакиески, Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски, со што се запре кривичната постапка против нив.

Со реакција се јави адвокатот Јанаки Митровски, кој според напишаното изгледа дека имал другари кои не добиле амнестија.

„Имам двајца другари од случајот за 27 Април. Кога ви велев да не одите дека ќе испаднете будали ми се лутевте. А сега? Вие во ќорка, големциве на слобода. Ни повторување гледате, ни амнестии ни бутур. Срамота!“, напиша тој на социјалните мрежи.



Слично

Поврзани вести