Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕОТО СО АХМЕТИ ВО 2001 Е ИЗБРИШАНО: Toшковски вели дека кога некој е кабает, се обидува да дефокусира

ВИДЕОТО СО АХМЕТИ ВО 2001 Е ИЗБРИШАНО: Toшковски вели дека кога некој е кабает, се обидува да дефокусира

Воинственото видео со стари снимки од 2001 година од претседателот на ДУИ,  Али Ахмети во униформа на УЧК, кое членови и функционери  вчера масовно го споделуваа на социјалните мрежи, денеска е избришано.

На видеото се слушаат воинствени песни за ОНА и за командантот Ахмети, како и негово обраќање во кое порачува дека никогаш не изгубил војна.

Во ДУИ уште вчера се оградија дека тие како партија не стојат зад видеото, туку дека спонтано се споделува од партиски активисти. 

Министерот за надворешни работи, Панче Тошковски денеска рече дека „кога некој е кабает, нормално е дека ќе се обидува да дефокусира и измислува теми кои што не се тема и да наметнува прашања кои што одамна се затворени“.

Слично

Поврзани вести