Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видеото со закани кон Заев поради кое е уапсен Жарко Гроздановски

Видеото со закани кон Заев поради кое е уапсен Жарко Гроздановски

Синоќа во 19:50 часот полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово на улица „Тодор Циповски- Мерџан“ во Тетово го лишиле од слобода Жарко Гроздановски , лицето коешто преку видео објава на својата фејсбук страница им се закани по живот на премиерот на Република Северна Македонија и други лидери на политички партии. Гроздановски бил задржан во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Гроздановски се претставува како лидер на организацијата Христијанско братство, една од организациите блиска до радикалните групации што протестираа против Преспанскиот договор и Законот за јазици, а дел од нив се и членови што ги водеа протестите кои кулминираа со нападот врз Собранието на 27 април 2017 година. По неколку месечен молк, Христијанско братство се појави преку својот гласноговорник Гроздановски.

Повод за видеото е притворот на еден од нивните членови, Тони Митрески – Северот, поради напад на службено лице на службена должност. Тоа лице, според Фејсбук обраќањето на Гроздановски, само го бранело Уставот, додека останатите се криеле.

„Немојте во ниеден случај да си играте со Христијанското братство. Ви велам и стојам на нештото што го зборам. Заев, два пати те имав во рака, двапати намерно те пуштив. Немој да ми чепкаш ни еден од моите браќа по вера… Двапати те пуштив, ако не ми веруваш, прашај ги твоите луѓе во УБК. Првпат во Македонски Брод, вториот пат во Јасен и Козјак… Два пати имав прилика да ја запалам Македонија, но се повлеков затоа што дадов збор: На Македонец пушка не дигам… Немој на ниеден мој човек, брат по вера, заколнат на свето место, да си му пуштил пријава и да му се силиш дека ќе го казниш или, не дај боже, да го затвориш… Жими еден крст и вера ќе ве снема и тебе и СДСМ и ДПМНЕ и сите лидери во Македонија… Јас сум Жарко Гроздановски. Момче, ти си предавник!“, е дел од говорот што е објавен на Фејсбук страницата на Христијанското братство.


Слично

Поврзани вести