(ВИДЕО)„НЕ ВЕРУВАВ ДЕКА ОВА МОЖЕ ДА МИ СЕ СЛУЧИ ВО БЕЛГРАД“: Нападнат дописникот на Македонската телевизија од Србија, Оливер Бранковиќ
Оливер Бранковиќ, долгогодишен дописник на Македонската радиотелевизија (МРТВ) од Белград, објави на социјалните мрежи дека бил вербално и физички нападнат од непознат маж со куче од расата пит бул.
Бранковиќ, заедно со видео од нападот, на Фејсбук напиша дека додека во саботата седел со пријател, разговарал и разгледувал списание во една кафетерија на Таковска улица, влегол непознат маж, стар 30-40 години, со пит бул териер, кој му се доближил непријатно до лицето.
– На мојот коментар да го отстрани кучето бидејќи ми е непријатно, тој почна да ме навредува, да вика и на крајот ме удри со тупаница во лицето. Останав смирен и не возвратив – наведе Бранковиќ, кој бил и дописник на македонската агенција МИА, пренесува „Блиц“.
Тој додаде дека по 14 години живот и работа како дописник на МРТВ и МИА од Србија, не верувал дека вакво нешто може да му се случи во Белград.
– За Белград, за неговите жители, за нас странците и за туристите… Не знам, и покрај бројните позитивни приказни кои ги направив и објавив. Со горчлива дилема дали да продолжам да живеам и работам во овој град, додаде дека полицијата, која ја повикал, веднаш дошла и извршила увид.
