Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) Вардарци на средби со државниот врв

(ВИДЕО+ФОТО) Вардарци на средби со државниот врв

Шампионите на Европа, Вардарци денеска беа на прием во Владата. Тимот беше на гости и кај шефот на државата Стево Пендаровски.

Членовите на тимот на Вардар, беа пречекани во Владата од премиерот Зоран Заев кој им ја честиташе титулата европски шампион.

Заев на средбата истакна оти РК„Вардар“ докажале дека преку пријателството, професионалност, искуството и посветеност, успеале да го направат народот толку среќен.

„Вие сте гордост на целата наша татковина и на сите граѓани и верувам дека сите ние ќе продолжиме да бидеме мотивација за идните генерации“, рече премиерот Заев на средбата.

Премиерот повика на сплотеност и рече дека државата ќе возврати со влог во спортот и оти ќе бидат превземени сите потребни мерки за одржливост, но и за развој и успешна иднина на клубот.

,,На следната седница на Владата ќе предложам доделување на награда од 500.000 евра.   Агенцијата за млади и спорт ќе додели дополнителни 100.000 евра, покрај веќе донесената одлука за доделување на 100.000 евра од Советот на Град Скопје. Нема поголеми амбасадори на нашата земја, од спортот и затоа сме посветени за изнаоѓање начини за понатамошна работа, преку законски решенија и со помош на државните институции“, рече премиерот Заев додавајќи дека стратешката цел на Владата е да се гарантира самостојност и развој на спортот.

Заев во свое име и од име на членовите на Владата на РК„Вардар“ им додели плакета за освоената титула.

Вардарци се заблагодарија за плакетата и за најавената парична награда и му поклонија дрес на претседателот на Владата.

По приемот во Владата, тимот на Вардар беше на гости и кај Шефот на државата. Пендаровски на својот Фејсбук профил со заеднички слики им ја честита победата и напиша дека со заеднички заложби треба да продолжи успешната приказна на РК„Вардар“.

Тимот на Вардар му подари дрес и на Претседателот на државата, Стево Пендаровски.



Видео Youtube Влада на РСМ

Фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести