(ВИДЕО+ФОТО) Талат Џафери без заштитна маска дојде на седница на Советот за безбедност
Талат Џафери, претседателот на Собранието, влезе без заштитна маска во резиденцијата на шефот на државата Стево Пендаровски, каде денеска заседава седница на Советот за безбедност.
- Знам, процедурата е јасна, рече собранискиот спикер кога на приемот беше опоменат дека не носи на себе заштитна маска. На седницата сепак Џафери го почитуваше протоколот, иако беше единствениот што не носеше маска при пристигнувањето.

На седницата за Советот за безбедност треба да се донесе одука за прогласување на вонредна состојба трет пат во низа, но не е познато колку дена истата ќе треа, бидејќи владеачкиот СДСМ инсистира на побрзо одржување на предвремените парламентарни избори, а и самиот претседател Пендаровски смета дека истата треба што побргу да заврши.







