Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО18+) Вака „паднаа“ осомничените за шверц со кокаин меѓу кои е и актерката Стојановска

(ВИДЕО18+) Вака „паднаа“ осомничените за шверц со кокаин меѓу кои е и актерката Стојановска

Седумстотини килограми кокаин кои требаше да обезбедат скоро 20 милиони евра на криминална група ставија зад решетки петорица осомничени меѓу кои е и актерката Силвија Стојановска и нејзиниот сопруг Воислав Будисављевиќ.

Министерството за внатрешни работи во јавноста денеска го пласираше видеото од акцијата на шпанската полиција и американскиот оддел за сузбивање на шверц со дрога, во кое се гледа апсењето на осомничените за шверцот на кокаин кој од Колумбија требало да заврши во Европа.

Од приведените петорица двајца се шпански државјани, а во Мадрид во притвор заврши и братот на Будисављевиќ.

Во меѓународната акција „Колибри“ сите приведени се гонат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотици а засега во бегство се двајца други осомничени.

Според деталите од МВР актерката Стојановска била соработник на криминалната група. Додека нејзиниот сопруг бил организатор, таа резевирала хотелски престој и била помагач.

За време на спроведувањето на Стојановска пред органите на прогонот таа молчеше пред медиумите.


Слично

Поврзани вести