(ВИДЕО18+) Цел облеан во крв Села влечен низ собраниските ходници
Уште едно вознемирувачко видео од насилните инциденти ја обиколи јавноста.
Телевизија Алсат-М со нова видео снимка и прикажува на јавноста како неколкумина лица го фатиле за раце и нозе пратеникот Зијадин Села и го влечат низ ходниците во Собранието.
Од видео снимката може да се забележи дека Села е целиот облеан во крв и со изгубена свест.
На крајот на видеото се слуша како револтираните насилници прашуваат каде е Заев, бидејќи тој им требал.
Телевизија Алсат М исто така објави дека е откриен идентитетот на оние кои злосторнички го влечеа пратеникот од Алијансата на Албанците .
Како што пишуваа, се работело за Тони Т. од Куманово и Кире Ѓ.од Скопје , но набргу оваа вест е повлечена од сајтот на Алсат со што не е официјално дали се работи за овие лица за кои се појавија шпекулации и дека се приведени.
