(ВИДЕО) „ЗНАМ, НО ЈАС САКАМ НА АЛБАНСКИ“: Вицепремиерот Фетаи одби да одговори прашање на македонски јазик
Поставено прашање на македонски јазик, вицепремиерот Арбен Фетаи одби да го одговори на јазикот на кој му беше поставено, наместо тоа, одговорот го даде на албански јазик.
„На македонски нема да одговорите? Колешката на македонски ви постави прашање“, реагираше еден од присутните новинари, откако Фетаи почна да зборува на албански јазик.
„На албански ако може. Знам (дека прашањето е поставено на македонски), но јас сакам на албански ако може“, рече Фетаи и продолжи да го одговара прашањето.
Изјавата на вицепремиерот беше дадена на отворено, со што беше оневозможено македонските медиуми веднаш да добијат превод за тоа што тој зборува.
Прашањето поставено кон Фетаи беше во насока на злоупотребите од страна на функционерите, особено откако државните возила ќе бидат обележани.
Пракса на функционерите Албанци досега била одговорот да се даде на јазикот на кој е поставено прашањето.
