(ВИДЕО) ЖЕСТОКА ДЕБАТА НА МЕЏИТИ И ОСМАНИ: „Ако рушиш дивоградби, ќе почнеш ли од твојата куќа?“
На ТВ дебата која што синоќа се одржа на тв Телма меѓу кандидатите за градоначалници за Чаир, Изет Меџити и Бујар Османи, се спомнаа дивоградбите, а Меџити ја спомна и дивоградбата на Османи.
„Не зборам за дивоградбата на татко ти што е изградена дивоградба на Серава туку зборам за твојата куќа во Топанско поле во елитна населба, каде што имаш платено само по едно евро е и дивоградба бидејќи е легализирано. Самиот факт што не се градело со дозвола за градба и мислам дека ако почнеш со рушење на дивоградбите, прашањето е дали ќе почнеш со твојата куќа“, му рече Меџити.
Османи му одговори дека тоа е манипулација бидејќи „јас зборувам баш за таа куќа на покојниот татко кој ако што нешто не било платено тоа е поради нив и тука не можам да кажам ништо“, рече Османи.
Меџити го запраша „ние сме те натерале да градиш на диво?
На тоа Османи одговори:
„Јас зборувам за тие згради десетспратници во Чаир кои што се дивоградби во договор со општината и тоа се стотици милиони евра кои што не се платени во општината и се завршени во џебвите на двајца тројца и е создадена една олигархија во Чаир“.
