ВИДЕО: Земен брис од 30 притвореници, тие револтирано фрлаат чинии
Брис од 30 притвореници од затворот Шутка моментно се анализира за да се утврди дали се позитивни на Ковид-19. Во Истражниот затвор почина еден притвореник, за кого по смртта беше докажано дека бил заболен, по што имаше голем револт од другите притвореници.
Во јавноста излезе видео на кое се гледа дека во знак на револт притворениците фрлале чинии. Еве го видеото овде. Било пратено од анонимен извор.
Инаку од Министерството за здравство велат дека брисевите се земени вчера, а се презема и друга медицинска грижа. .
-Денеска, во истражниот затвор во Шутка се испратени појачани медицински екипи на здравстениот дом кои ќе направат прегледи и ќе земат брисеви од сите кои престојувале во истото одделение со починатиот, а прегледани и тестирани на Ковид -19 ќе бидат и вработените во одделението, велат од Министерството за здравство.
Притвореникот почина на 8 март од срцев удар, ама посмортем беше утврдено дека е болен.
