Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Затворениците во тетовскиот затвор се капат во базен

(ВИДЕО) Затворениците во тетовскиот затвор се капат во базен

Во затворот во Тетово e отворена летната сезона. Затворениците се капат во базен на топлото време. 

Директорот на тетовскиот затвор Ќефаил Хавзију најави дека овие објави не ги прават за рекламирање дека е добро во затворот, туку да ги утешат членовите на семејствата.

Вели дека секторот за ресоцијализација работи секојдневно со нивните роднини, со едукативни методи за да можат по напуштање на затворот да продолжат со нормалниот живот. 

„Потсетуваме и на мислењето дека осудените не само што се казнуваат туку и имаат законски права, каде што воспитувачите работат со нив, прво за да се прилагодат од почетокот  на правилата на куќниот ред како и да се ресоцијализираат и да се подготват, да се покајат за направените грешки за да не бидат повеќе повторувачи на делата и да го продолжат нормалниот живот со своите семејства, бидејќи во животот секој може да згреши“, напиша Хавзију.

На видеото се гледа дека неколку затвореници се капат во базен. 



Слично

Поврзани вести