(ВИДЕО) Започна состанокот на лидерите на Западен Балкан
Почна состанокот на лидерите на Западен Балкан за подобрување на регионалната соработка и за остварување на заедничката цел, членство во ЕУ.
Според најавата од Владата на работниот дел од состанокот претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев, претседателот на Србија Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама ќе ја презентираат вчера утврдената декларација со листа на приоритети и мерки за подобрување на регионалната соработка и за остварување на заедничката цел, членство во ЕУ.
На
денешната програма на состанокот на лидерите на земјите од Западен Балкан се
наоѓа и пленарна сесија со претставници на Европската Унија, на Советот
за регионална соработка, на Светската Банка, на Европската банка за обнова и
развој, на Европската инвестициска банка, по што ќе се одржи и заедничка прес-
конференција.
