(ВИДЕО) Запленет висококвалитетен кокаин од 10 килограми наменет за младината за празниците
МВР и Обвинителството информираат дека на последнио ден од минатата година околу 14:30 часот во Горно Количани, скопско, е сопрено патничко возило „бмв х5“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Е.(26) од Скопје и при тоа пронајдени се 10 килограми кокаин.
Возило е одземено за понатамошна проверка.. Следниот ден, по претходно обезбедена судска наредба, извршен е претрес во возилото, при што во импровизиран бункер во подвозјето на возилото пронајдени се и одземени околу 10 килограми кокаин.
„Пријавениот И.Е. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава“, инфрмира МВР.
Од Обвинителството соопштија дека станува збор за квалитетен кокаин со висока чистота.„За осомничениот ќе биде предложена мерка притвор поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и соучесници, како и веројатност да продолжи да врши кривични дела.
Бидејќи станува збор за големо количество дрога, јавниот обвинител издава повеќе наредби со цел испитување на потеклото на кокаинот и неговата крајна дестинација, како и можни други инволвирани лица“, објави ОЈО.
На ова се надоврза и министерот Панче Тошковски кој рече дека уличната вредност на заплената е од приближно еден милион евра.
