(ВИДЕО) Заменикот на Захариева тврди дека Делчев има неспорна припадност кон бугарскиот народ
Заменикот шеф на бугарската дипломатија, Георг Георгиев вели дека Бугарија нема да отстапи пред Северна Македонија во спорот за историската вистина за Гоце Делчев.
Тој во интервју за емисијата „Офанзива“ на телевизијата Канал 3 посочи дека во однос на потеклото на револуционерот Владата во ништо не се разликува од кој било родољубив граѓанин на Бугарија.
„Зборуваме за историска личност која е со неспорно потекло и како што Бугарија постојано подвлекува, со потполно неспорна припадност кон бугарскиот народ“, рече тој.
За тоа дека премиерот Бојко Борисов го нарече претседателот Стево Пендаровски, северномакедонски претседател, рече дека тоа е ситница.
Слично
