(Видео) Заев повторно со Ципрас
Премиерот Зоран Заев повторно се сретна со шефот на грчката влада Алексис Ципрас денеска на Самитот 16+1 во Дубровник, кој е инвестициски форум и го иницира Кина која има амбиција да вложува во земјите од Источна и Југоисточна Европа.
Заев се сретна и со премиерот на Хрватска, Анреј Пленковиќ, кој заедно со Ципрас му дале уверување на Заев дека двете земји ќе го поддржат започнување на преговорите на Македонија со Европската Унија во јуни.
Во рамки на оваа трилатерална средба беше потенцирана заложбата од страна на премиeрите дека во иднина ќе се работи интензивно на зацврстување на економските релации и врски помеѓу трите земји, за унапредување на меѓународната трговија и инфраструктурно поврзување.
Слично
