Видео: Заев гостин во Клик Плус - Се очекува ли нов напад кога ќе се гласа Влада?
Претседателот на СДСМ и кандидат за мандатар за составување на новата Влада Зоран Заев вечерва од 21:30 ќе гостува во дебатната емисија Клик Плус на ТВ21 каде ќе открие што е планот за понатаму.
Има ли закани од нов напад врз Собранието во моментите кога ќе се гласа новата влада, дали Заев и неговите коалициони партнери од албанските партии се спремни на следниот чекор?
Трагите од крв во Собранието сеуште се свежи, нападнатите пратеници обвинија дека бил извршен обид за убиство врз нив, повредени беа новинари, полицајци и граѓани. Каква ќе биде правната завршница на најсрамниот чин во историјата на македонската демократија?
Се надеваме дека Зоран Заев ќе даде одговор на овие, но и на многу други прашања вечерва од 21:30 на Клик Плус на ТВ21.
