Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео: Заев го пречека Нимиц - Каков ќе биде ставот на македонската Влада?

Видео: Заев го пречека Нимиц - Каков ќе биде ставот на македонската Влада?

Премиерот Зоран Заев го пречека медијаторот Метју Нимиц со кого ќе разговара за предложената рамка поставена уште при последната рунда на преговори во Њујорк пред речиси еден месец. 

Владата на Република Македонија треба да го изрази својот став, кој претходно беше претставен и пред државниот врв, односно во консултација со претседателот Иванов, како и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ од опозицијата и владиониот коалиционер ДУИ.

Нимиц во текот на денот ќе се сретне со првиот опозиционер Христијан Мицкоски, со првиот „интегративец“ Али Ахмети, а ќе финишира со министерот за надворешни работи Никола Димитров по што ќе има изјави за јавноста за тоа што точно е разговарано и како понатаму ќе продолжи процесот на разговори со Грција.

Слично

Поврзани вести