(ВИДЕО) „За заедничка Македонија“ протестира со штитови
Во тек се протести на граѓанската инцијатива „За заедничка Македонија“.
Граѓаните кои протестираат веќе 43 ден на улиците во главниот град, денеска симболично го претставуваат штитот на државата.
Демонстрантите во првите редови носат штитови в раце, за како што велат да го симболизираат народот кој што ќе ја штити државата.
Во видеото подолу кое го пренесува Македонија24 можете во живо да го гледате протестот.
Во моментов демонстрантите се движат кон Собранието на Македонија, каде што пак се уште се одвива собраниската седница.
Слично
