(ВИДЕО) ЗА УБИСТВОТО ШТО ГО ПОТРЕСЕ ШТИП: Осомничените се донесени во суд
Осомничените за вчерашното убиство во Штип се спроведени во суд.
Се работи за пет осомничени за синоќешното убиство во кафе бар во Штип кадешто беше повреден 25-годишен државјанин на Турција кој подоцна во болница им подлегна на повредите. Убиецот кој е исто државјанин на Турција е на 21-годишна возраст.
Откако го извршил делото, убиецот веднаш избегал од местото на настанот со возило „БМВ“, во кое биле присутни и уште четири лица.
Полициските единици, преку координирана акција, поставија неколку блокади на патот кон Скопјe за да го запрат возилото. Теренот го следеле со дронови.
Кај наплатната рампа Миладиновци, возилото ја пробило полициската блокада и продолжило да се движи со голема брзина, но по кратко време полицијата го запре.
Пиштолот со кој е извршено убиството е пронајден. Обвинителството соопшти дека извршило увид на местото на настанот, ги обезбедило чаурите и другите траги што ќе бидат предмет на понатамошни испитувања, а телото на жртвата е предадено на обдукција.
